Дома Македонски спорт Мак ракомет Ракометната репрезентација на Македонија на 24. место во светот

Ракометната репрезентација на Македонија на 24. место во светот

Машката ракометна репрезентација според „HandballRanking“ се најде на 24. место во светот што е три позиции повисоко место од нашиот пласман на Светското првенство.

На ранг листата Македонија има 1436.5 бодови и тоа 6.5 бода помалку од она што го имавме пред почетокот на Светското првенство. Зад Македонија се наоѓаат неколку селекции кои остварија подобар пласман неодамна завршеното Светско првенство.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Чиле која на СП заврши едно место пред нас на оваа листа е 26-та. Зад нас се уште селекциите на Иран (31), САД (38), Зеленортска Репбулика (39), Црна Гора (29)…Ова се репрезентации кои беа подобри пласирани од нас.

Треба да се знаеа дека станува збор за неофицијална ранг листа затоа што ЕХФ и ИХФ не прават ранг листи. На врвот на листата е Данска, а потоа во топ се уште Шпанија, Франција, Норвешка и Шведска.

Целата листа на „HanballRanking“ – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…