Менаџерот на Марио Балотели, Мино Раиола минатото лето го донесе Италијанецот во Франција, а сега веќе му спрема враќање во Премиер лигата.
Балотели три сезони помина во Манчестер Сити, а подоцна играше и за Ливерпул кој минатото лето на секој можен начин сакаше да се ослободи од него.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Италијанецот моментално игра во Ница и ја враќа старата форма, а Раиола тврди дека започнал преговори за негово враќање во Премиер лигата.
„Веќе сме во преговори со клубови од Англија, иако за сега е рано да се каже било што. Верував дека Марио ќе се врати во форма. Во последната година во Милан беше многу стабилен и не правеше грешки како порано“, истакна Раиола.
„Мислам дека е срамота што Клоп не му даде доволно шанса, но Марио е човек кој сака да се докаже на себе си, а не на другите. Тој знае дека правеше грешки во минатото, но сега гледа само напред“, додаде контроверзниот менаџер.