Дома Топ вести Раиола: Погба нема ништо против да се врати во Јувентус

Раиола: Погба нема ништо против да се врати во Јувентус

Контроверзниот менаџер, Мино Раиола изјави дека неговиот клиент Пол Погна нема ништо против да се врати во Јувентус, но просто не може да избега од Манчестер Јунајтед.

Во последните неколку месеци се појавија многу шпекулации околу играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, и медиумите тврдат дека Погба ја игра последната сезона на „Олд Трафорд“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неговиот агент Мино Раиола во неколку наврати потврди дека Французинот сака да го напушти клубот, а сега е проговори за негово враќање во Јувентус.

„Желбата на Пол е да игра на највисоко можно ниво, но тој не може да избега од Манчестер Јунајтед кога екипата е во тешка ситуација. Затоа тој остана во тимот. Сепак, тој нема да има ништо против да се врати во Јувентус по Европското првенство“, истакна Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…