Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ, не преговара со Милан, тврди неговиот менаџер Мино Раиола.
Се погласни се шпекулациите дека 37-годишниот напаѓач ќе се врати на „Сан Сиро“ во јануари, но сепак неговиот менаџер инсистира дека нема никаков контакт со миланскиот гигант.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ние не преговаравме со Милан за трансфер. Имавме многу средби со претставници на други клубови, но не со Милан“, тврди Раиола.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Раиола следната недела ќе има средба со раководството на Милан за продолжување на договорот со Бонавентура и на истата двете страни ќе се обидат да најдат заеднички јазик и за трансферот на Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот играше за Милан од 2010 до 2012 година и во тој период со „росонерите“ освои едно Скудето и Суперкуп на Италија.
Zlatan Ibrahimović's agent Mino Raiola insists he has not had any contact with AC Milan over a return to the club. (Source: Guardian) pic.twitter.com/6DC4csuRiI
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 15, 2018