Ерлинг Халанд синоќа ја импресионираше Европа, го повтори подвигот на Вејн Руни и успеа да постигне хет-трик во најелитното натпреварување.
Синоќа во дресот на Салзбург го бомбадираше голот на белгискиот Генк, на крајот клубот од Австрија славеше со 6:2. Се разбира, веднаш се појавија прашањата каде младиот Норвежанец ќе ја продолжи кариерата, најдобра шанса му се дава на Манчестер Јунајтед поради три причини.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Солскјер веќе работеше со тинејџерот, Халанд настапуваше во Молде под покровителство на сегашниот тренер на „Црвените ѓаволи“. Самиот Солскјер го пофали, но не одговори дали 19-годишниот е на листата на потенцијални засилувања.
Втората причина е Мино Раиола. Познатиот фудбалски агент го претставува младито Норвежанец, на „Олд Трафорд“ има неколку свои клиенти како Погба, своевремено ги донесе и Лукаку и Санчез, така да Италијанецот има добри врски со англискиот клуб.
И секако третата причина, на Јунајтед очајнички му треба класична деветка по заминувањето на Лукаку. Рашфорд се уште не покажа дека е зрел за ваква улога, на Англичанецот повеќе му оди на крило со Марсијал. Неверојатниот Норвежанец оваа сезона забележи девет настапи за Салзбург и постигна неверојатни 17 гола.