Дома Фудбал Италија Раиола се налути: Изјавата на „Кориере“ за Кин била од – лажен Фејсбук!

Раиола се налути: Изјавата на „Кориере“ за Кин била од – лажен Фејсбук!

raiola

Mино Раиола се налути бидејќи медиумите искористиле изјава која не е негова.

Моисе Кин е фудбалер за кој во последно време многу се пишува. Кин неодамна постигна гол во дресот на репрезентацијата на Италија и стана вториот најмлад стрелец во историјата на „Аѕурите“, претходно во дресот на Јувентус постигна два гола против Удинезе и одигра добри петнаесетина минути против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Агент на ова момче е контроверзниот менаџер Мино Раиола.

Денес „Кориере дело Спорт“ тврдеше дека има изјава од Мино Раиола која ја добиле преку неговиот Фејсбук профил.

„Не знам дали иднината на Кин е во Јувентус. Во јануари беше се договорено да премине во Милан. Јас и Леонардо ги договоривме сите детали, но Јувентус го блокираше трансферот. Во моментов нема преговори за нов договор. Кин треба да игра постојано, а во Јувентус тоа не го добива. Треба добро да ги разгледам сите аспекти пред да донесеме одлука. Кин може да игра во друг голем клуб“, гласеше изјавата за која „Кориере дело Спорт“ тврдеше дека е на Риола.

Меѓутоа во прашање бил лажен профил! Раиола сето ова брзо демантираше.

„Никогаш не користам Фејсбук за да давам некакви коментари. Со години не го користам мојот профил. Сега направив Фејсбук профил само да ви кажам дека сите останати профили под мое име се лажни“, напиша Раиола.

Не е исклучена можноста Раиола да започне судска постапка против човекот кој се одлучил да зборува во негово име.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…