Вечерва во одлична атмосфера во Спортскиот центар „Јане СанданскИ“ во Скопје пред голем број на фанови фантастичен успех оствари македонскиот борец Бобан Илиоски.
Нашиот натпреварувач со судиска одлука успеа да го совлада Берк Дузенли од Турција во дисциплината К1 до 88,6 килограми.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На тој начин Илиоски дојде до светската титула во кик бокс во ВАКО Про.
Во минатото Илиоски беше аматерски светски шампион, а сега се закити со титулата професионален светски првак во дисциплината К1.
Претходно Максим Митровски триумфираше во К1 постари јуниори проитв Алекса Павловиќ, потоа Узеир Нелсон со судиска одлука го победи Лазар Татиќ, победа оствари и Силвио Мировски над Вук Митровиќ, додека во женска конкуренција Викторија Варадинова загуби од Теодора Видиќ.