Раководството на Фиорентина сака да крајот на преодниот рок да донесе централен напаѓач, откако денес се раздели со Џовани Симеоне.
Најголема желба на „виолетовите“ е напаѓачот на Флуминенсе, Педро, но според последните инфоремации тој би можел да заврши во Монако.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Фиорентина ќе се насочи кон искусниот Радамел Фалкао, кој е на излезна врата од Монако.
Колумбиецот беше пред попис со Галатасарај, но трансферот се уште не е реализиран, па Фиорентина ќе се обиде да го донесе во последен момент.
33-годишниот напаѓач е достапен за околу 5 милиони евра, Фиорентина е спремна да ја плати таа сума, но трансферот треба да биде комплетиран до понеделник.
Доколку се реализира овој трансфер Фиорентина ќе има пеколно трио во нападот, Рибери – Фалкао – Киеза.