Дома Фудбал Англија Равел Морисон – некогаш беше голема надеж на Јунајтед: Крадел копачки од Фердинанд и Руни за да добие 500 фунти

Равел Морисон – некогаш беше голема надеж на Јунајтед: Крадел копачки од Фердинанд и Руни за да добие 500 фунти

Равел Морисон е играч кој некогаш важеше за еден од најголемите таленти во академијата на Манчестер Јунајтед.

Во овој момент 28 годишниот Морисон е без клуб, а неодамна разговараше со Рио Фердинанд. Тој го потсети Фердинанд на ситуацијата кога ги украл неговите копачки.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Паметиш кога бев избркан од соблекувалната затоа што ги украдов твоите копачки. Тогаш бев млад стпендист и добиав 250 фунти за еден пар копачки. Даваш два пара, добиваше 500 фунти и купуваш храна за семејството“.

„Вие добивавте по 30 пара копачки. Не сакав да направам штета, но бев љубоморен кога гледав како ти или Руни добивавте пакет со 20-30 пара копачки. Мислев дека крадењето на еден пар нема да биде проблем, но сега знам дека беше проблем“, раскажа Морисон.

Морисон како што споменавме некогаш важеше за голема надеж, но повредите и погрешните избори му ја уништија кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Боно е херој на Ал Хилал – со неверојатна одбрана си го спаси голот (Видео)

Голманот Јасин Боно блесна во дресот на Ал Хилал и се истакна како клучна фигура во триумф…