Работнички пред продолжение од сезоната се засили со офанзивен играч за врска.
На „Романтичарите“ денес им се приклучи ерманскиот интернационалец Давид Манојан кој пристигнува од полскиот второлигаш Сендецја.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Станува збор за фудбалер кој има 28 години и кој освен во Ерменија настапуваше во Кипар и Русија.
Манојан потпиша договор на една година и стата десеттото засилување за клубот од Дебар Маало во овој преоден рок.
Последен натпревар за репрезентацијата на Ерменија му е во 2017 година во поразот од Полска со 6:1.
Манојан важел за голема надеж на ерменскиот фудбал, бил пред трансфер во Штутгарт, но бројните повреди го спречиле неговиот напредок.
Неколку часа пред претставувањето на Манојан беше презентиран и Бојан Ѓоргиевски кој дојде од тимот на Камза од Албанија