Вардар по 25.коло во Правта македонска фудбалска лига направи уште еден чекор кон одбрана на титулата, откако победи во Тетово кај Ренова, а во исто време Работнички ја совлада Шкендија . Колото беше сиромашно со голови, беа постигнати пет на петте натпревари, а две средби завршија без голови.
Работнички, „одигра“ за Вардар и со победата над Шкендија веројатно ја реши шампионската трка. „Романтичарите“, во средата, минимално ја совлада Шкендија со 1:0, со голот на Трајчевски постигнат во 24.минута. Неколку минути пред голот на Работнички, Шкендија ја имаше најголемата шанса на натпреварот, но Ибраими од пенал не успеа да постигне гол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Варадр гостуваше во Тетото кај Ренова, не импресионираше со играта, но ја оствари намерата и со три бода се врати во Скопје.
Поранешниот репрезентативец Блажевски го псотигна ефинствениот гол на натпреварот во 74.минута.
„Фенерџијата“ Брегалница, за едно полувреме ја обезбеди победата над Шкупи. Наумов, Здравков и повторно Наумов во претпоследната минута од првиот дел ги постигнаа трите гола за Брегалница.
Без голови во ова коло завршија дуелите помеѓу Пелистер и Силекс, односно Македонија ЃП и Победа.
Резултати, 25.коло:
Македонија ЃП-Победа 0:0
Ренова-Вардар 0:1
Брегалница-Шкупи 3:0
Работнички-Шкендија 1:0
Пелистер-Силекс 0:0
Табела: 1. Вардар 59, 2. Шкендија 50, 3. Работнички 42, 4. Пелистер 37, 5.Силекс 35, 6. Ренова 31, 7. Шкупи 25, 8. Победа 22, 9. Македонија ЃП 17, 10. Брегалница 16.