Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички го закажа првиот тест: „Романтичарите“ ќе играат против Напредак Крушевац во Пехчево

Работнички го закажа првиот тест: „Романтичарите“ ќе играат против Напредак Крушевац во Пехчево

Тимот на Работнички ја одработува првата фаза од летните подготовки наменета пред се за подобрување на физичките предиспозиции на фудбалерите, а закажан е и првиот пријателски натпревар.

Српскиот клуб Напредак Крушевац прв ќе ја тестира формата на фудбалерите на Александар Влахо.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Мечот со Напредак Крушевац е закажан за 30 јуни, со почеток во 17 часот, во Пехчево.

Првата фаза од подготовките Работнички ќе ја одработи во сопствената база, а потоа ќе замине во Охрид, каде во план е одигрување на неколку пријателски натпревари.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…