Дома Трансфер зона Работата со Вилијан и ПСЖ е сериозна – Челзи избра замена за Бразилецот!

Работата со Вилијан и ПСЖ е сериозна – Челзи избра замена за Бразилецот!

Во последниот ден од трансфер периодот како „бомба“ одекна веста дека ПСЖ денес ќе се обиде да го доведе Вилијан од Челзи.

Од Париз наводно во Вилијан гледаат идеална замена за Нејмар кој ќе биде надвор од терените околу два ипол месеци поради повреда. Сумата засега не се открива, но се тврдеше дека контактот е воспоставен и понудата ќе пристигне во Лондон многу брзо.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сега „Скај Спорт“ објави нова информација која може да се каже дека дополнување.

Имено, Челзи избрал играч кој ќе биде замена на Вилијан.

Станува збор за Кевин Моет Пакет, играч кој настапува во француската Лига за тимот на Сент Етјен.

Овој играч за Сент Етјен игра од 2014 година и од тој момент настапи на 125 натпревари и постигна 10 погодоци.

Ќе биде интересно до крајот на денот…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…