Тимот на Работнички денес одигра пријателски натпревар против учесникот во Лигата на шампините, српска Црвена Звезда (1:2).
„Романтичарите“ одиграа одличен натпревар. Баже Илијоски доби прилика од пенал да донесе водство за Работнички, меѓутоа најстрогата казна Илијоски не ја претвори во погодок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Промашениот пенал не влијаеше на играта на нашиот претставник, па неколку минути подоцна Блажевски испрати одлична асистенција до Жуњино кој ја погоди мрежата.
Учесникот во Лигата на шампионите после примениот погодок заигра подобро, прво Вукановиќ го изедначи резултатот, а потоа Ембецелио погоди за целосен пресврт.
Во претходните два пријателски натпревари Работнички славеше над Сабуртало со 2:1 и запишаа пораз од Поханг Стилерс со 2:0.
Видеото со погодоците од овој натпревар можете да го погледнете тука.