Aдриен Рабио во наредните денови ќе ја заврши сагата во Пари Сен Жермен.
Францускиот играч пред неколку месеци беше суспендиран поради одбивањето да потпише нов договор, а наскоро неговите проблеми во ПСЖ ќе бидат завршени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој според пишувањето на француските медиуми кариерата би требало да ја продолжи во редовите на Манчестер Јунајтед каде што ќе пристигне како слободен играч.
Јунајтед се согласил на плата која од нив барала неговата мајка. Станува збор за 15 милиони евра по сезона, со што Рабио би станал еден од најплатените фудбалери во светот.
Претходно Рабио се поврзуваше со бројни големи тимови. Барселона, Реал Мадрид и Јувентус беа заинтересирани за неговите услуги, но поради барањата на неговата мајка се откажаа од негов ангажман.
Сепак, изгледа дека на таа сага и доаѓа крајот. Рабио многу брзо би требало да го напушти Париз и да се пресели на „Олд Трафорд“.
https://www.youtube.com/watch?v=aUJky6vCOtY