Дома Трансфер зона Рабио во Торино доаѓа „бесплатно“ ама ќе го чини Јувентус 55 милиони евра!

Рабио во Торино доаѓа „бесплатно“ ама ќе го чини Јувентус 55 милиони евра!

Драмата околу Адриен Рабио конечно завршува и тој ќе се пресели во Јувентус.

Едни од најдоверливите новинари кога е трансфер пазарот за Италија во прашање, Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо вчера вечер објавија дека Партичи (спортскиот директор на Јувентус) ги договорил сите детали со Рабио мајката Вероника.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Вероника за себе и својот син си изборила и тоа како одлични услови. Ако за некој играч кој е без клуб е погрешно да се каже дека доаѓа бесплатно тогаш тоа е Рабио.

Мајката на Рабио од Јувентус за својот син успеала да добие договор на пет години и плата од седум милиони евра. За споредба, Марио Манџукиќ кој е заменик капитен и идол на навивачите заработува пет милиони евра и со новиот договор кој го потпиша неодамна.

Освен тие 35 милиони евра кој ќе ги добие Рабио за договорот, ќе му бидат исплатени дополнителни десет како бонус за потписот. Ваквите суми вообичаено им се исплаќаат на слободните играчи, но овој пат станува збор за навистина голема сума.

Меѓутоа она условоно кажано најдоброто доаѓа на крајот. Мајката на Рабио како за својот син така и за себе си договорил уште 10 милиони менаџерска провизција затоа што го сочувала Рабио за Јувентус од нападите на другите клубови!

Значи, за доаѓањето на Рабио Јувентус ќе плати 20 милиони евра веднаш (по десет на Рабио и Вероника), а ако тука се додатат и тие 35 милиони евра од платата се доаѓа до заклучок дека Рабио Јувентус ќе го чини 55 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …