Дома Трансфер зона Пјаниќ пред изненадувачки трансфер: Гигантот од Серија А сака да го доведе?!

Пјаниќ пред изненадувачки трансфер: Гигантот од Серија А сака да го доведе?!

Миралем Пјаниќ се уште е слободен фудбалер, а според последните информации би можел да направи изненадувачки трансфер.

Се споменуваше трансфер на Пјаниќ во Саудиска Арабија, беше блиску и до Леганес од Шпанија, но ништо од тоа не се реализираше. Италијанскиот „Калчомеркато“ сега објави дека ни помалку, ни повеќе – Милан тргнал по неговиот потпис!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Милан би можел да се фокусира на трансферот на Пјаниќ за да го надополни недостатокот на средината на теренот по повредата на Исмаил Бенасер. Во Милано немаат други опции, па разгледуваат слободни играчи, Пјаниќ тука е прва опција“, стои во текстот на италијанскиот медиум.

Посериозните преговори според информациите би се одвивале во наредните денови, а секако би било изненадување Пјаниќ во оваа фаза од кариерата да се врати во еден така голем гигант. Во Италија поранешниот босански репрезентативец го носеше дресот на Јувентус и Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи спреми 60 милиони за Кунде

Англискиот гигант Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски реп…