Дома Топ вести Пјаниќ и Алегри заедно се селат во Париз!?

Пјаниќ и Алегри заедно се селат во Париз!?

Иако Макс Алегри во неколку наврати истакна дека сака да остане во Јувентус и следната година, сепак раководството на клубот се уште не се изјаснува околу неговаата иднина.

Масимилиано Алегри по наредната недела, по завршување на првенството во Серија А, го очекуваат разговори со челниците на Јувентус на кои ќе се дискутира за неговата иднина во Торино.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Јувентус, супериорно ја освои титулата во Серија А, но сезоната во очите на навивачите е неуспешна бидејќи беа елиминирани од Ајакс во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Сепак, доколку добие отказ од Јувентус, на Алегри нема да му биде потребно време да најде нов ангажман. Италијанскиот спортски весник „Кориере дело Спорт“ пишува дека францускиот шампион ПСЖ, со нетрпение го очекува расплетот од преговорите.

Во ПСЖ се разочарани од сегашниот тренер Томас Тухел и во Алегри гледаат идеална замена за Германецот.

Според „Кориере дело Спорт“ Алегри не би дошол сам во Париз, со него во пакет треба да пристигне и Миралем Пјаниќ чија иднина во Торино е неизвесна.

„Се е можно, во Италија сум осум години. ПСЖ е еден од најдобрите клубови во Европа и е средина во која секој фудбалер сака да игра. Станува збор за клуб кој е почитуван секаде низ Европа и е постојано помеѓу фаворитите за триумф во ЛШ’, изјави Пјаниќ и ги поткрена шпекулациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…