Дома Фудбал Пјаниќ: Да се дели соблекувалната со Меси е сон, дојдов во најдобриот клуб на светот

Пјаниќ: Да се дели соблекувалната со Меси е сон, дојдов во најдобриот клуб на светот

Mиралем Пјаниќ денес беше претставен во Барселона.

Откако беше претставен во просториите на клубот и излегувањето на терен, Пјаниќ им се обрати на медиумите.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Ви благодарам на поддршката. Уште од мали нозе сонував еден ден да заиграм за Барселона. Да се биде дел од овој клуб е неверојатно. Благодарен сум на се што ми се случило во кариерата и животот, а сега сум во најдобриот клуб во светот. Ова е многу важна фаза од мојата кариера“.

„Поминувајќи низ соблекувалната, низ тунелот кој води до тревникот ја почувствував историјата на клубот и што се таа значи. Чест ми е што ќе ја делам соблекувалната со големи шампиони“.

„Заминувањето од Јувентус беше тешко. Напуштив одличен клуб, но на секој играч, па така и мене ми беше потребно ново искуство. Барса повторно ќе биде одлична. Да се дели соблекувалната со Меси и останатите е остварување на сонот! Се случуваат тешки ноќи како што и се случи на Барса против Баерн. И јас претрпев големи порази“, изјави Пјаниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе бара 240 милиони евра, додека ПСЖ бара 180 од него

Килијан Мбапе беше во фокусот на судска битка помеѓу него и клубот Пари Сен-Жермен. Откако…