Искусниот француски фудбалер, Франк Рибери емотивно се прости од Артуро Видал.
Чилеанскиот играч за врска кариерата ќе ја продолжи во Барселона, а неговото заминување тешко му падна неговиот соиграч Франк Рибери кој очигледно имал посебен однос со поранешниот играч н Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Брате, ни сам не знаеш колку ќе недостасуваш! За мене ти си најдобриот човек и вистински пример за вредности и принципи. Горд сум што играв со тебе. Ти посакувам се најдобро во иднината, ти си вистински војник и тоа навистина е реткост во нашата професија“, гласи прошталната порака од Рибери до Видал.
Видал во понеделник ќе ги помине лекарските прегледи по што ќе стави потпис на три години. Чилеанецот во Баерн настапуваше од 2015 година, одигра 79 натпревари и постигна 14 погодоци.