Дома Топ вести Пукна „бомбата“ на „чизмата“: Наинголан го потврди трансферот!

Пукна „бомбата“ на „чизмата“: Наинголан го потврди трансферот!

Раџа Наинголан го потврди трансферот.

Фудбалерот на Рома, Раџа Наинголан веќе подол период се споменува како потенцијално засилување на Интер, а изгледа дека тоа конечно и ќе се случи.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Наинголан трансферот го потврди денес во тренинг центарот на Рома од каде што си замина пред да пристигне тренерот Ди Франческо.

Белгиецот имаше одлична соработка со Лучијано Спалети, па денес за „Калчомеркато“ потврди дека преминува во нов клуб.

„Се гледаме во Милано“, кратко порача популарниот „Нинџа“.

Единствена пречка во реализацијата на овој трансфер беше висината на оштета, но сега изгледа Рома и Интер постигнале договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…