Дома Фудбал Англија Публиката во Премиер лигата се враќа уште оваа сезона

Публиката во Премиер лигата се враќа уште оваа сезона

Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс верува дека наскоро фановите можат да се вратат на стадионите.

Тој смета дека во следните недели дел од мерките против коронавирусот ќе бидат укинати и тоа ќе дозволи делумна посета на стадионите со посебен протокол.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Натпреварите се играат без публика поради пандемијата, но пред Божиќ беше дозволен влез на навивачите во одредени региони.

„Убеден сум дека навивачите ќе се вратат следната сезона. Сепак, никој не може да каже конечно бидејќи пандемијата не може да се предвиди. Не губиме надеж дека уште оваа сезона може да видеме ограничен број на фанови на трибините“, изјави Ричардс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…