Пари Сент Жермен ова лето направи неколку бомбастични трансфери, па многумина се прашуваат дали за „светците“ важи Финансискиот фер-плеј.
Сега ПСЖ е спремен да продаде некои свои ѕвезди, а „Паризиен“ објави дека пет фудбалери се ставени на трансфер листа.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Станува збор за Пабло Сарабија, Јулијан Дракслер, Рафиња, Курзава и Керер.
ПСЖ плати 60 милиони евра за да го ангажира Ашраф Хакими во летниот преоден рок и 16 милиони евра за Данило Переира, но без обештетување донесе уште неколку големи ѕвезди, кои ќе имаат огромни плати.
Поради тоа ќе мора да се ослободи од споменатите фудбалери, со цел да го растерети малку буџетот.