Пари Сент Жермен не се откажува од намерата да го доведе Осман Дембеле во своите редови.
Минатото лето ПСЖ се обиде да го доведе Французинот во Париз, но Дембеле сепак се одлучи да остане на „Камп Ноу“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дембеле ги прифати условите на Барселона, но стави потпис на договор само до 2024 година, а во него има откупна клаузула од 50 милиони евра.
Така 25-годишниот крилен напаѓач на лето ќе влезе во последната година од договорот, а ПСЖ ќе се обиде да го доведе во своите редови.
Дембеле игра одлично оваа сезона и ПСЖ е спремен да ја плати откупната клаузула.
🚨 Ousmane Dembélé has a release clause set at €50M in his Barcelona contract! 🔒
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 13, 2023
PSG have shown interest in the Frenchman.
(Source: @sport) pic.twitter.com/yyHTtleuXZ