Парижаните сметаат дека се жестоко оштетени на реваншот од осминафиналето во ЛШ, па внимателно ги издвоија сите ситуации во кои судијата досуди во нивна штета.
Барселона се пласираше во четвртфиналето после историската победа од 6:1, но во центарот на вниманието беше судијата Ајтекин кој им досуди два пенали на Каталонците, а „светците“ тврдат дека морало и за нив да биде досуден еден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пари Сент Жермен издвои осум ситуации во кои е сериозно оштетен, погледнете па проценете сами:
1 Раката на Маскерано во својот казнен простор не беше окарактеризирана како пенал.
2. Втор жолт картон за Пике после стартот над Кавани на средината на теренот кога оди сам кон голот.
3. Непостоечки пенал кога Нејмар се сплеткува преку главата на Муние и паѓа, а потоа Меси погодува за 3:0.
4. Нејмар намерно удира играч од зад грб и не добива црвен картон.
5. Луис Суарез симулира пенал не добива жолт картон
6. Пике игра со рака пред шеснаесетникот, не добива втор жолт картон.
7. Маскерано го фаулира Ди Марија од зад грб во шеснаесетникот, ни пенал ни црвен картон
8. Луис Суарез симулира контакт во казнетиот простор, наместо да добие жолт картон, судијата досудива пенал во 90-та минута.