Дома Фудбал ПСЖ повторно ја провоцира Барселона на Твитер

ПСЖ повторно ја провоцира Барселона на Твитер

ПСЖ вчера на социјалните мрежи објави дека младиот играч на оваа екипа Стенли Нсоки ја продолжил соработката со првакот на Франција.

Нсоки ги помина младинските категории на францускиот клуб, а за првиот тим на Парижаните дебитираше во минатата сезона во која запиша три настапи. Овој 19 годишен дефанзивец вчера официјално потпиша нов договор со ПСЖ до летото 2021. година.

Сепак, она што го привлече вниманието на јавноста е што ПСЖ уште еднаш ја искористи приликата да ја провоцира Барселона. Во постот за Нсоки ја искористија легендарната реченица на Пике “Se queda“ која играчот на Барса ја објави за Нејмар додека се уште се шпекулираше дека ќе премине во ПСЖ.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преговорите траеле цела ноќ: Де Брујне прифати договор на три години и заработка од 27 милиони евра

Пред четири дена, Кевин Де Брујне го одигра својот последен натпревар на “ЕтихадR…