Пари Сент Жермен е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот и не мисли да запре со новите засилување.
После Вајналдум, Донарума и Хакими, „светците“ се во завршни преговори и со Серхио Рамос.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Француските медиуми пренесуваат дека следна трансфер цел на ПСЖ ќе биде Пол Погба, кој влезе во последната година од договорот со Манчестер Јунајтед.
Раиола имал средба со претседателот на „светците“ Насер Ал Келаифи и разговарале за можноста Погба да се пресели во Париз.
Манчестер Јунајтед се обидува да го убеди Погба да го продолжи договорот, бидејќи во спротивно ќе мора да го продаде ова лето
Медиумите на Островот пренесуваат дека Јунајтед ќе бара 80 милиони евра за слободата на играчот, сума која ПСЖ е спремен да ја плати.