Пред неколку дена Меси и официјално стана слободен играч.
Договорот со Барселона му истече на крајот од претходниот месец, а се уште не се знае каде според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња ќе ја продолжи кариерата.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Нема многу клубови кои ќе ги задоволат финасиските апетити на Меси, а наводно во игра за неговиот потпис се вклучува ПСЖ.
Според пишувањата на шпанските медиуми ПСЖ стапил во контакт со агентите на Меси и на маса веќе има понуда. Од финансиска страна, барем како што тврдат шпанските медиуми, е многу подобра од онаа на Барселона.
Дали Аргентинецот ќе се согласи на оваа понуда нема брзо да дознаеме со оглед на настапот на Меси со репрезентацијата на Копа Америка.