Дома Топ вести ПСЖ му даде се, а Мбапе повторно „удри“ јавно по клубот!

ПСЖ му даде се, а Мбапе повторно „удри“ јавно по клубот!

Во последните денови во ПСЖ во центарот на вниманието е Меси поради неговиот лош однос со навивачите, меѓутоа сега се појавува нов проблем во Париз и тоа со Килијан Мбапе.

ПСЖ откако му даде услови како што нема никој друг, Мбапе повторно најде што да им замери на „светците“ и тоа јавно го сподели.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Имено, ПСЖ искористил интервју на Мбапе да го стави во промотивна кампања, а фудбалерот не бил информиран. Мбапе на својот Инстаграм профил објави соопштение во кое порачува дека не се согласува со објавеното видео.

„Во ниту еден момент не бев информиран за содржината на интервјуто. Изгледаше како обичен „клупски маркетинг“. Не се согласувам со објавување на ова видео и се борам за моите индивидуални права во однос на фотографиите и видеата. ПСЖ е голем клуб и големо семејство, но не е Килијан Сен Жермен“, објави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јамал ја распламти Шпанија со провокација пред Ел Класико: Реал краде!

Се приближува неделата, денот кога ќе се тресе фудбалската планета поради шпанскиот Ел Кла…