Дома Фудбал ПСЖ изедначи рекорд стар 59 години

ПСЖ изедначи рекорд стар 59 години

Фудбалерите на ПСЖ синоќа на домашен терен го поразија Рен со 4:1 во натпревар од 22. коло во француската Лига 1.

Иако беше 22. коло, ова за ПСЖ беше 20 натпревар со оглед на тоа дека имаат два натпревари кои дополнително ќе ги одиграат, а со вчерашните четири, постигнаа дури 66 погодоци.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


На тој начин го изедначија рекордот кој го постави Париз во сезона 1959/60.

ПСЖ има скор од 18 победи и две нерешени во досегашниот дел од сезоната и се убедливо први на табелата.

Во споменатите 66 погодоци најголем удел има Мбапе кој со 18 погодоци е најдобар стрелец во лигата, додека Кавани има 16, а Нејмар 13.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важни одлуки на УЕФА: Се менуваат квалификациите за Европското првенство!

Англија, Ирска, Шкотска и Велс, кои ќе бидат домаќини на Европското фудбалско првенство во…