Пари Сен Жермен нема да го суспендира дефанзивец Ашраф Хакими и покрај тоа што против него има обвинене за силување, пренесува „ЕСПН“.
Весникот „Паризиен“, кој прв ја откри истрагата, објави дека 24-годишна жена во неделата пријавила во полиција дека ден претходно била силувана во домот на Хакими во близина на Париз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Весникот наведе дека жената не поднела официјално пријава, но оти Обвинителство по службена должност отворило истрага за случајот.
Клубот целосно му верува на својот играч и тој ќе биде дел од тимот, па се очекува да игра против Нант во сабота во Лига 1.
24-годишниот Хакими во понеделникот присуствуваше на ФИФА Бест церемонијата во Париз, каде што беше избран во иделниот тим на годината.