Дома Трансфер зона ПСЖ доби „зелено светло“ за трансфер на Германец

ПСЖ доби „зелено светло“ за трансфер на Германец

Борусија Дортмунд се согласи да го продаде играчот за врска Јулијан Вајгл во Пари Сент Жермен, пренесува еминентниот „Паризиен“.

Вајгл оваа сезона го загуби местото во стартниот тим и „милионерите“ се согласија да го пуштат доколку ПСЖ биде спремен да плати 25 милиони евра за неговиот потпис.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


ПСЖ и минатото лето се обиде да го донесе Германецот, но тогаш Борусија не сакаше да го пушти. Меѓутоа, оваа сезона 23-годишниот играч запиша само 9 настапи.

„Светците“ се во потрага по играч за врска и се спремни да ја платат оваа сума, но нивна прва цел е Леандро Паредес од Зенит. Доколку не се реализира тој трансфер, тогаш ќе го донесат Вајгл во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…