Раководството на Пари Сент Жермен не се откажало од идејата да го донесе Нголо Канте во своите редови ова лето.
Еминентниот „Екип“ пренесува дека „светците“ се спремни да му предложат размена на Челзи и во спротивен правец да го испратат Адриен Рабио.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рабио одби да го продолжи договорот со ПСЖ и најверојатно ова лето ќе ја промени средината, па раководството сака да го искористи за да дојде до потписот на Канте.
Челзи тешко ќе се откаже од Французинот, но ПСЖ е спремен покрај Рабио да понуди и дополнителни 40 милиони евра.
Останува да видиме како ќе реагираат „сините“ на оваа понуда со оглед на фактот што идниот тренер Маурицио Сари е голем симпатизер на играта на Рабио.