Пари Сент Жермен покажува сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала, пренесуваат француските медиуми.
Новиот тренер Томас Тухел е голем фан на Пауло Дибала и посакува да го доведе Аргентинецот на „Паркот на принцовите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно Дибала чекал повик од Реал Мадрид, но „кралевите“ не покажуваат интерес за него. Од друга страна ПСЖ во Аргентинецот гледа идеален наследнк на Едисон Кавани.
Во исто време Јувентус е заинтересиран за Едисон Кавани, кој може да биде замена за Игуаин, па медиумите не ја исклучуваат можноста да дојде до размена на играчи помеѓу двата клуба.
24-годишниот Дибала минатата сезона одигра 46 меча во сите натпреварувања на кои постигна 27 гола и запиша 7 асистенци.
Наводно и самиот е спремен да ја промени средината, а Јувентус за неговата слобода бара 130 милиони евра.