Дома Топ вести ПСЖ го сака Бускетс, Барса го „блиндира“ со клаузула од 500 милиони!

ПСЖ го сака Бускетс, Барса го „блиндира“ со клаузула од 500 милиони!

Шпанските медиуми веќе неколку дена тврдат дека Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за Серхио Бускетс, па тоа очигледно го запали „алармот“ кај Барселона.

Имено, денес „Мундо Депортиво“, весник кој е секогаш добро информиран за случувањата во Барселона, тврди дека е постигнат договор и наскоро Бускетс ќе потпише нов договор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Весникот тврди дека сите детали се договорени и дека откупната клаузула на 30-годишниот играч за врска ќе изнесува 500 милиони евра, со што Барса ќе се заштити од нападите на ПСЖ.

Притоа, 30-годишниот играч за врска ќе добие значително зголемување на платата, но Мундо Депортиво не ги откри точните бројки.

Бускетс со новиот договор ќе остане на „Камп Ноу“ до 2021 година, со што клубот ќе има опција автоматски да го продолжи договорот на уште една година.

ПСЖ наводно веќе имал спремно богата понуда за Бускетс, но Барселона реагираше на време и ја „блиндираше“ својата ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…