ПСЖ пред пет години за 40 милиони евра го купи Лукас Моура како еден од најголемите таленти во светот, а пред неколку дена го продаде во Тотенхем за 28 милиони евра.
Моура и не остави така лош впечаток на „Паркот на принцовоте“ каде за 5 години постигна 40 гола и запиша 50 асистенции, но во последно време падна во сенка на Нејмар и Мбапе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Француските медиуми откриваат дека Бразилецот не бил продаден само поради своите фудбалски квалитети, туку и човечки. Имено, откриено е дека Лукас Моура бил „кртица“ од соблекувалната на ПСЖ.
Веќе подолго време ПСЖ води „војна“ со домашните медиуми кои секогаш точно дознаваат што се случува во соблекувалната на „светците“, а на крајот раководството открило дека Лукас е шпион, и не само тој.
За истото се сомничи и Хатим бен Арфа кој е „пречкртан“ и воопшто не добива шанса за настап оваа сезона, но не сака да го напушти клубот бидејќи има богат договор.