Дома Топ вести ПСЖ го откупува Икарди уште во јануари

ПСЖ го откупува Икарди уште во јануари

Мауро Икарди игра во одлична форма откако премина на „Паркот на принцовите“.

Пари Сент Жермен е задоволен од настапите на Мауро Икарди и од Интер ќе ја активира откупната клазула во износ од 70 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Парижаните при договорањето на позајмица постигнаа договор со Интер за откуп од 70 милиони и сега сериозно се размислува да ја активираат таа клазула.

Икарди до сега постигна 10 гола на 12 настапи и ги убеди „светците“ дека тој може да биде долгорочно решение за позицијата централен напаѓач, па ПСЖ веќе спреми пари за откуп на неговиот договор уште во јануари.

Секако, конечниот збор ќе го има Мауро Икарди, но тешко е да се очекува дека ќе одлучи да се врати во Милано, каде е „персона нон грата“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…