Дома Топ вести ПСЖ била само „станица“, таткото на Нејмар веќе работи на нов шокантен трансфер!?

ПСЖ била само „станица“, таткото на Нејмар веќе работи на нов шокантен трансфер!?

Можно ли е?! Секако звучи како медиумска шпекулација, но Шпанците веќе известуваат за нова потенцијална бомба.

Наводно, Луис Суарез добил информација од неговиот пријател и поранешен соиграч Нејмар, дека за неколку години има намера да го облече дресот на Реал Мадрид.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Имено, „Дон Балон“ тврди дека постои некој вид на договор помеѓу Перез и таткото на Нејмар за во наредните неколку години Бразилецот да го облече дресот на Реал Мадрид.

Но, каде е во оваа приказна ПСЖ?

Во овој момент Катарците се во проблеми поради се што се случува околу корупцијата во процесот за добивање на организацијата на Мундијалот, а од друга страна не им се допаѓа што Нејмар се однесува како „газда“.

Наводно, на Нејмар му пречи и тоа што голем дел од вниманието е насочено кон Мбапе.

Сепак, јасно е дка ПСЖ нема лесно да се откаже од Нејмар, но во наредните неколку години пред се поради ФФП би можеле да бидат принудени да започнат да продаваат и да заработуваат. Тогаш Нејмар веројатно би имал 26 или 27 години, па јасно е дека неговата цена нема и понатаму да биде астрономска.

Според, „Дон Балон“ очекувањата се Нејмар во наредните неколку години да ги наследи Меси и Роналдо како најдобар играч во светот.

За крај да потсетиме, дека Реал Мадрид веќе имаше обид да го доведе Нејмар и тоа додека Бразилецот настапуваше во Сантос, но тогаш тој ја избра Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …