Неговиот агент ги извести Каталонците каква понуда има на маса, Барселона не е спремна да му пониди таква плата.
Самуел Умтити оваа сезона се покажа како еден од најважните фудбалери на Барселона. Каталонците му понудија нов договор, но се чини дефанзивецот е спремен да замине.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, неговиот агент ја известил Барселона дека Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати откупната клаузула од 60 милиони евра, притоа на Умтити му понидил 12 милиони евра годишна плата.
Поради тоа Французинот сега од Барселона бара да ја израмни понудата за да го продолжи договорот до 2024 година.
Барселона во никој случај не може да си дозволи да му понуди толава плата бидејќи ќе го наруши целиот баланс. Тоа значи дека Умтити бара четири пати поголема плата од онаа која ја заработува во моментов.
Шпанските меидуми пренесуваат дека на лето дефанзивецот ќе го напушти „Камп Ноу“, а Барса не се прашува ништо бидејќи „црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат откупната клаузула.