Дома Трансфер зона Пропадна трансферот на Робинсон во Милан

Пропадна трансферот на Робинсон во Милан

Милан во последниот ден од преодниот рок е многу активен и денес во Милано пристигнаа двајца фудбалери на лекарски прегледи.

Нов играч на Милан требаше да стане левиот бек на Виган и американски репрезентативец, Антони Робинсон, кој утрово пристигна во Милано на лекарски прегледи.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Рибинсон успешно ги мина лекарските прегледи и пристигна во канцелариите на „Каса Милан“ за да стави потпис на договорот, но во последен момент се појавија проблеми.

Имено, Виган во последен момент ги променил условите, па трансферот на Робинсон е пред пропаѓање.

Американецот требаше да биде замена за Родригез на левата бековска позиција, па Милан во последен момент откако пропадна трансферот одлучи да го врати Лаксалт кој беше на позајмица во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…