Брегалница и Ренова денес со натпреварот во Штип го отворија вториот дел од сезоната во првата македонска фудбалска лига.
Пред крајот на полувремето гостите од Тетово имаат предност од 0:1, а голот дојде во една бизарна ситуација во која виновник беше голманот на штипјани, Денковски. Новото засилување на Ренова, Мевљан Мурати исфрли една топка кон голот на Брегалница и на крајот таа топка заврши во мрежата иако и самиот тешко дека очекуваше такво нешто.
Коментари