Шпанецот Роберто Баутиста Агут објави дека мора да се откаже од Вимблдон поради позитивен тест на ковид-19.




Тој е третиот тенисер кој го откажува настапот поради иста причина. Агут требаше да се сретне со Даниел Галан во второто коло, но се соочи со судбината на Марин Чилиќ и Матео Беретини.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Денес за жал морав да ги известам организаторите дека го завршувам настапот на турнирот. Вчера не се чувствував добро и се тестирав, тестот излезе позитивен и верувам дека одлуката за повлекување е најдобрата која можам да ја донесам“, изјави шпанскиот тенисер.