Шпанскиот второлигаш направи уште едно чудо во кралскиот куп со победата против Виљареал од 4:2.
Мирандес е најпријатното изненадување во куп натпреварувањата оваа сезона. На свој терен второлигашот го победи Виљареал и се пласираше во полуфиналето. Домаќините го отворија резултатот во 17. минута пеку Аиас. Но „жолтата подморница“ се врати во натпреварот 15 минути подоцна преку Онтиверос. Во самиот финиш од првиот дел Мирандес од пенал стигнува до нова предност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Виљареал изедначи на ист начин преку Санти Казорла. Сепак, само три минути после голот на Казорла Онаиндиа погодува за 3:2. Точка на натпреварот стави Санчез во судиското продолжение.
Мирандес е тим кој никогаш не играл во Примера, а по втор пат во својата историја ќе игра полуфинале во купот.