Пред неколку дена првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта изјави дека клубот одбил понуда вредна 200 милиони евра за услугите на 16-годишниот Ламин Јамал (ТУКА).
Лапорта не откри од кој клуб била понудата, меѓутоа веднаш шпекулираа дека во прашање е Пари Сен Жермен кој во минатото и плата на Барселона 222 милиони евра за услугите на Нејмар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, денеска во медиуните се појави информација каков бил одговорот од Париз на ваквите најави.
„Не сме толку луди, никогаш не би понудиле 200 милиони евра на клуб кој е пред банкрот“, порачале од Париз.
„Нашиот одговор за Јамал е не. Сите негови и наши амбиции се поврзани со Барселона. Иако медиумите пишуваат дека сме во лоша финансиска состојба, немаме притисок да продаваме играчи. Ние сме во фаза на финансиска стабилизација и ја гледаме светлината на крајот од тунелот. Повеќе нема да купуваме суперѕвезди, туку само играчи кои можат да се вклопат во нашиот стил на игра“, гласеше изјавата на Лапорта во таа ситуација.