Барселона од година во година потврдува дека ја има една од најдобрите младински академии на светот, од каде секоја сезона излегуваат нови таленти.
Оваа сезона посебно се истакна Јаник Ламал, кој веќе си го загарантира своето место во првиот тим, а со своите настапи се етаблираше во еден од најголемите таленти во светот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Претседателот на Барселона, објави дека ја одбиле понудата од 200 милиони евра за 16-годишниот Јамал.
„Нашиот одговор за Јамал е не. Сите негови и наши амбиции се поврзани со Барселона. Иако медиумите пишуваат дека сме во лоша финансиска состојба, немаме притисок да продаваме играчи. Ние сме во фаза на финансиска стабилизација и ја гледаме светлината на крајот од тунелот. Повеќе нема да купуваме суперѕвезди, туку само играчи кои можат да се вклопат во нашиот стил на игра“, изјави Лапорта.
🚨🗣️ Joan Laporta: “We have offers for players like Lamine Yamal, worth €200m, and we have said no.”
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 23, 2024
(Source: Mundo Deportivo) pic.twitter.com/NcCBYxciyN