Дома Фудбал Останато Проблеми за Пато: Клубот го казни и го исфрли од тимот!

Проблеми за Пато: Клубот го казни и го исфрли од тимот!

Алесандре Пато некогаш важеше за најголем талент на бразилскиот фудбал.

Во Европа го донесе Милан каде ја доживеа фудбалска афирмација, запиша 150 настапи за „росонерите“ и постигна 63 гола, но повредите го спречија неговиот развој.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Наместо да стане еден од најдобрите во светот, денес игра во Кина за Тијанжин, има 29 години и сонува да се врати во Европа.

Со својот потег на натпреварот од азиската Лига на шампиони направи чекор напред кон тој смер, но и ги разбесни челниците на кинескиот клуб.

Веднаш после замината во 62-та минута луто замина во соблекувалната, не го поздрави ни тренерот ни навивачите. Наводно направил и хаос во соблекувалната, па тренерот Пауло Соса побарал клубот да го казни.

Клубот реагираше, Пато е рекордно казнет. Ќе треба да плати казна од 50.000 долари и моменатлно е исфрлен од тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чаби Алонсо донесе одлука за Лука Модриќ

Чаби Алонсо ќе го преземе Реал Мадрид во наредните денови откако го напушти Баер Леверкузе…