Дома Фудбал Проблеми за Монтела: Навивачите го дочекаа на тренинг, интервенираше полиција (фото)

Проблеми за Монтела: Навивачите го дочекаа на тренинг, интервенираше полиција (фото)

Авантурата на Винченцо Монтела во Севиља не започна на најдобар можен начин, па уште на стартот имаше проблем со навивачите на клубот од Андалузија.

Минатата недела Севиља беше поразена во градското дерби од Бетис, а вчера загуби и на гостивањето кај Алавес, што додатно ја поткрена нервозата кај фановит.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Според шпанските медиуми утрово група од 20 фанови се појавиле во тренинг кампот и имаше жесток разговор со Монтела, капитенот Николас Парехо и неколкумина други фудбалери.

Меѓутоа, полицијата била предупредена па на местото имало и униформирани лица кои спречиле напад на навивачите, кои после половина час го напуштиле тренинг кампот.

Севиља е во многу лоша серија, на последните пет натпревари во Примера има освоено само 1 бод, а нема победа од 2-ри декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шефот на Баерн го негира интересот кон Салах

Спортскиот директор на Баерн Минхен Макс Еберл ги отфрли шпекулациите за евентуално доведу…