Зинедин Зидан се соочува со нови проблеми.
Офанзивецот на Реал Мадрид, Марко Асенсио, ќе мора на кратка пауза поради повреда на мускулот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Од Мадрид денес пристигнуваат информации дека Асенсио ќе мора да ги прескокне натпреварите против Малага и Атлетик Билбао во Примера и дека не е во прашање сериозна повреда.
Добра вест е дека Герет Бејл започна да тренира со екипата, но и дека прашање е кога ќе биде спремен да биде во натпреварувачки ритам.
Реал Мадрид зад Барселона заостанува 10 бодови, а во сабота од 16:15 ја пречејува Малага, додека Барселона во недела гостува на Местаља против вторпласираната Валенсија.