Дома Фудбал Проблематичниот Дембеле ќе биде жестоко казнет

Проблематичниот Дембеле ќе биде жестоко казнет

Проблематичниот Осман Дембеле повторно е во центарот на вниманието поради својата недисциплина.

Францускиот фудбалер не се пријавил пред лекарскиот тим дека е повреден и потоа отпатувал во татковината за да се одмори со фамилијата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Со тоа што не се пријавил кај лекарите ги прекршил правилата и му следи жестока казна. Според правилата на клубот може да биде без плата помеѓу 11 и 30 дена, а тоа би можело скапо да го чини.

Ако биде минимална суспензија од 11 дена, ќе го чини 360.000 евра, а ако биде суспендиран на цел месец, износот ќе биде неверојатни милион евра.

Парична казна му се заканува без обзир дали ќе се донесе одлука за суспензија. За овој потег казната е 215.000 евра, бидејќи пропуштање на лекарски преглед се смета за сериозен прекршок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриена казната за фудбалерите на Тудор ако испаднат од Премиер лигата

Два натпревара, два пораза и шеснаесеттото место во Премиер лигата. Кратко кажано, тоа е с…