Од таборот на Италија потврдија дека Федерико Киеза и Лоренцо Пелегрини нема да бидат во комбинација за дуелите против Македонија и Украина.
Лекарскиот тим на Италија, на селекторот Лучано Спалети му потврдил дека крилниот напаѓач на Јувентус е повреден и дека треба да се врати во својот клуб.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Фудбалерот на Рома неодамна се врати од повреда, но вчера почувствувал болка и исто така ќе биде изоставен за дуелот со Македонија.